Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Општина Велес ги поканува граѓаните на манифестациите посветени на традиционалниот специјалитет пита пастрамајлија и виното.
Од 18-21 ноември Велес ќе живее во знакот на традиционалните специјалитети.
На 18-ти и 19-ти Ноември (четврток и петок) во рестораните ќе се точи младо вино по промотивни цени со што ќе се обележи празникот на младото вино – Божоле.
На 20 и 21 ноември (сабота и недела) од 11:00 – 19:00 часот на ул. „Маршал Тито“ од плоштад С’рмаале до кружниот тек, ќе се одржи манифестацијата Велешка пастрмајлија – Питијада.
Манифестацијата ќе биде проследена со богата културно-уметничка програма.
Бидете дел од традициите и вкусовите на Велес, уживајте во велешката пастрамајлија и квалитетното вино.