Соопштенија

Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план

Согласно член 134 и 135 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр. 13-5614/1).

Подносител на барањето:
ДПТ "МАРГО-БРАН" ДОО Велес свињарска фарма
Адреса: с. Башино село, м.в. Локва, 1400 Велес
Координати на локацијата: 41°44`13.28``N   21°46`08.47``E
Контакт лице: Горанчо Ангеловски – управител, тел: 043/520-332;
Категорија на инсталација:Инсталации за интензивно свињарство со капацитет од 50 до 750 места за меторици
Вид активности: Фарма за одгледување на свињи – 90 места за маторици.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 01.12.2010 - 01.01.2011г., во просториите на:
 
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 07.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
         
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Горан Петров