Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - „Закон за постапување со бесправни градби“
Министерството за транспорт и врски на Република Македонија организира јавни расправи на тема „Закон за постапување со бесправни градби“. Јавната расправа во Велес ќе се одржи на 22 декември 2010 година (среда), со почеток во 18 часот, во салата „Бели Мугри“. Министерството за транспорт и врски и Општина Велес ги покануваат сите заинтересирани граѓани со своето активно учество да дадат придонес во утврдувањето на вистинското решение за бесправно изградените градби на подрачјето на општината.