Соопштенија
Дозвола за усогласување со оперативен план
Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план
Согласно член 134 и 135 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр.13-2839/1).
Подносител на барањето: "Жито Вардар" АД увоз извоз Велес, мелничко-пекарски комплекс
Адреса: "Моша Пијаде" бр. 2, 1400 Велес
Координати на локацијата: 41°43`11.23``N 21°46`11.99``E
Одговорни лица за животна средина: Ленче Миткова, шеф на мелница и силоси за житарици; Виолета Мечевска, шеф на пекарница
Тел/факс: 043/231-411, 043/212-512
Категорија на инсталација: Обработка и преработка на растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30-300т/ден.
Вид активности:
- Преработка на пченица од 120 т/ден;
- Производство на пекарски и слаткарски производи од 12 т/ден.
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 15.04.2010 -15.05.2010 г., во просториите на:
Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 07.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Горан Петров