Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Министерството за транспорт и врски на Република Македонија ги известува граѓаните дека со цел пошироко информирање за Законот за третман на бесправно изградени објекти, во Велес ќе се одржи јавна презентација. Јавната презентација во организација на Министерството за транспорт и врски и Општина Велес ќе се одржи на 7-ми март (понеделник), со почеток во 19 часот, во Големата сала на Општина Велес, . Ги покануваме сите граѓани кои се заинтересирани да ги легализираат своите бесправно изградени објекти да присуствуваат на презентацијата на која ќе можат да добијат одговор на сите прашања поврзани со законот.