Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 2-дел од УБ 19,20,21 Локалитет Речани (плански опфат помеѓу железничката пруга и новопроектирана ул. 7.3,2,6.1,6,7.2) Општина Велес
Граници на опфатот се:
• север - по осовината на железничката пруга
• запад - по осовината на новопроектирана улица 7.3 и 2
• југ - по осовината на новопроектирана улица 6.1
• исток - по осовината на новопроектирана улица 6, 7.2
Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 2-дел од УБ 19,20,21 Локалитет Речани (плански опфат помеѓу железничката пруга и новопроектирана ул. 7.3,2,6.1,6,7.2), Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 07.03.2011 – 11.03.2011 секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 09.03.2011 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Прилог 1 Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 2-дел од УБ 19,20,21 Локалитет Речани
Прилог 2 Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 2-дел од УБ 19,20,21 Локалитет Речани