Соопштенија

ЈАВЕН КОНКУРС - за избор на директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес

Република Македонија       
Градоначалник на Општина Велес
Број 08 - 1319/1
09.03.2011 година
Велес

Врз основа  на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ .“ бр. 5/02), член 12, од Закон за библиотеките („Сл.весник на РМ “ бр. 66/04), член 22 од Законот за работните односи („Сл. весник на РМ“ бр. 62/05), а согласно член 11 од Статутот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, Градоначалникот на Општина Велес распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес

1. Кандидатите покрај општите услови предвидени со Законот за работни одоси треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
- да имаат завршено висока стручна подготовка од областа на општествената, културната и научната работа;
- да има најмалку (4) години работно искуство од кои најмалку (2) години работно искуство во институција  од областа на културата;
- да има одлично познавање на англиски јазик
- работа со компјутер
- да поседува менаџерски и организациони способности
- работа на проекти

2. Јавниот конкурс ќе трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето. Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од Управниот одбор на Библиотеката и истата е должна во рок од 5 дена од завршување на конкурсот да ги разгледа документите и да достави предлог кандидати до градоначалникот.

Изборот го врши градоначалникот во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот.

Известувањето за извршениот избор до кандидатите ќе се достави во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлука за избор.

Мандатот на директорот трае 4 (четири) години.

3. Со пријавата кандидатите треба да приложат,
- заверен препис на Диплома за завршено образование,
- потврда за работно искуство во институција  од областа на културата,
- уверение за активно познавање на англиски јазик
- доказ за завршени курсеви за работа на компјутери
- доказ за работа на проекти
- лична кратка биографија.
- Предлог Програма за работа и развој на Библиотеката.

4.  Пријавата со потребната документација се доставува до Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“,  ул. „Алексо Демниевски“ бр.11 Велес.

5. Некомплетни и ненавремени документи нема да бидат разгледувани.

Градоначалник на Општина Велес
Горан Петров