Соопштенија
КОНКУРС - за делегирање на дел од надлежностите од областа на културата на здруженија на граѓани
Врз основа на Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата („ Сл.гласник на Општина Велес“ бр.2/11) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање надлежности на Општина Велес од областа на културата здруженија на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.3/11), Градоначалникот на Општина Велес, распишува
КОНКУРС
за делегирање на дел од надлежностите од областа на културата на здруженија на граѓани
Право на учество на конкурсот имаат здруженија на граѓани од областа на културата со програмска активност од сценската уметност.
Се делегираат надлежностите од областа на културата предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2011 година, I Манифестации, реден бр.19 – Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.
Обврска на Здружението на граѓани е во целост да го испланира, организира, реализира и менаџира Х-тиот Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.
Финансиската конструкција за реализација на делегираната надлежност е содржана во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2011 година.
Кон пријавата здружението на граѓани треба да приложи:
1. Акт за регистрација на здружението издаден од Централен регистар со прилог Програма за вршење на јавни овластувања.
2. Полн назив и адреса на субјектот што ќе ги реализира активностите од делегираната надлежност;
3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на делегираните надлежности (Програма за реализирање на делегираната надлежност);
4. Финансиска структура на активностите;
5. Име, презиме и матичен број на лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура и професионално искуство;
6. Име, презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.
За меѓусебните права, обврски и одговорности за реализација на делегираните надлежности помеѓу Општина Велес и здружението на граѓани ќе се склучи договор, согласно Законот за облигационите односи.
Заинтересираните здруженија пријавите со горе наведените прилози може да ги достават до Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архива или по пошта на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, со назнака за „Комисија за делегирање надлежности од областа на културата“.
Пријавите со непотполна документација и доставени после предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија на граѓани подетални информации за објавениот конкурс можат да добијат во Општина Велес на тел. 232-406 локал 113.
Градоначалник на Општина Велес,
Горан Петров
Конкурсот е објавен:
- на веб страна на општината,
- во дневниот весник „Вечер“
- локални медиуми,
- во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес