Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - „Ден на дрвото 2011“

Се известуваат граѓаните на Велес дека Акцијата „Ден на дрвото 2011“ ќе се реализира на ден 31 Март, 2011 година (четврток) со пошумување на локација раскрсница Велес- Извор - Чашка. Акцијата ќе се изведе на површина од 30 хектари.

Автобусите поаѓаат по следниот распоред :

  • Основен Суд Велес во 8 и во 10 часот
  • ЕВН ЕСМ  во 8 и во 10 часот и
  • ОССУ „Коле Неделковски“ во 8 и во 10 часот.

Општина Велес ги поканува  граѓаните и овојпат активно да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“ и да придонесат кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации. Се молат граѓаните да бидат трпеливи заради лимитираниот број на автобуси. Сите граѓани-учесници во акцијата  ќе бидат пренесени и вратени од локацијата за пошумување.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Горан Петров