Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК - Акцијата за чистење трска од крајбрежниот појас околу Езерото Младост
Врз основа на член 50, став 1, точка 16 од Законот за локалната самоуправа и Заклучоците од Двеста дваесет и седмата седница на Владата на Република Македонија доставени се допис Бр. 51-2154/1 од 12.04.2011 година, Градоначалникот на Општина Велес објавува
ЈАВЕН ПОВИК
Се повикуваат сите градежни компании да се вклучат во "Акцијата за чистење трска од крајбрежниот појас околу Езерото Младост" во Општина Велес.
Акцијата за чистење на трска од крајбрежјето на вештачкото езеро во Општина Велес е во тек. Заради целосна реализација на истата ги повикуваме сите градежни компании во регистрирани во Општина Велес и Република Македонија, да ги вклучат своите расположливи ресурси за расчистување на трската од Езерото Младост на потегот од постојните плажи до Бродот Панини, од страна на регионалниот патен правец R 103. Должината на потребните активности за расчистување е околу 450м и просечна широчина од 7 до 8м.
Градежната компанија која ќе биде вклучена во Акцијата потребно е да располага со механизација за работа во вода (багер гасеничар) за да се изврши расчистување на трската; времено да се складира материјалот заради отцедување на времена локација во непосредна близина; утоварувач како и ангажирање на камиони за транспортирање на материјалот до општинската комунална депонија.
Надоместокот за извршените работи ќе се исплаќа преку издавање на дизел гориво, одобрено согласно доставената информација од Владата на Република Македонија број 51-2154/1 од 12.04.2011 година, со која од стоковните резерви на Општина Велес и се отстапува количина од 15.000 литри дизел гориво, а градежните компании ќе учествуваат со вредноста на амортизацијата на градежните машини.
Општина Велес оваа акција ја спроведува во координација со Министерството за транспорт и врски, Центар за управување со кризи Велес и други надлежни институции.
За сите информации за оваа акција, градежните компании можат да ги контактираат лицатаː дипл.гр.инг. Костадин Настевски тел.070-302-212 и Билјана Шуркова Манаскова 071-397-243.
Општина Велес ги поканува градежните компании активно да се вклучат во Акцијата.
Со почит!
Градоначалник на
Општина Велес
Горан Петров