Соопштенија

MOTO BEACH PARTY 2

Во организација на  Општина Велес и Мото клубот  „Носачи на Крстот“ – Велес,  на 7-ми мај (сабота)  во  Велес ќе се одржи  второто издание на   MOTO BEACH PARTY . Настанот ќе започне во 18  часот со дефиле на мотоциклисти од целата држава низ улиците на Велес. Големиот рок спектакл ќе започне во 20 часот на плажата на хотелот „Романтик“ крај езерото „Младост“.

Настапуваат:  бендот на Венко Серафимовски и бендот на Светлана Јовановска. 

Настанот што годинава ќе се одржи под мотото „Носи кацига - биди безбеден“ е поддржан од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Општина Велес и  Мото клубот  „Носачи на Крстот“ Ве покануваат  на незаборавно доживување и дружење со македонските мотоциклисти и хитовите на рок легендите.