Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“
Почитувани граѓани,
Општина Велес и ЈКП „Дервен“ во месеците мај и јуни ќе организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува во сабота, 14.05.2011, а ќе се одвива во периодот од 8 до 18 часот на следните улици:
- Ганчо Хаџи Панзов,
- Родна Ивева,
- Орце Шутев,
- Ристо Најдов - шајката,
- Јовче Ќучук,
- Славјанска,
- Богдан Каракостев,
- Благој Јосмов,
- Јован Наумов - алабакот,
- Вера Циривири,
- Бошко Златанов,
- Киро Рогужаров,
- Петре Михов,
- Ѓорги Димитров,
- Иво Лола Рибар,
- Јане Сандански,
- Ѓорче Петров,
- Димитар Влахов,
- Петре Прличко,
- Маца Овчарова
- Киро Димов - витамин,
- Ордан Џинот,
- Боге Николов,
- Браќа Капчеви,
- Коле Цветков,
- Јовче Тикваров,
- Благој Кирков,
- Загребска,
- Прохор Пчински,
- Цветан Арсов,
- Славко Давчев,
- Стефан Богоев
и сите останати улици кои гравитираат од лева страна по течението на реката Вардар.
Се молат граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да се ослободат од габаритниот отпад во кој спаѓаат:
- Делови од мебел
- Душеци
- Дрвена амбалажа
- Столарија без стакло
- Пластични сандаци и гајби
- Алати
- Стари велосипеди
- Пружини
- Радијатори
- Санитарии
Граѓаните ќе можат да го одложат својот габаритен отпад пред сопствените објекти, на достапно и видно место, доколку просторот дозволува и не го попречува одвивањето на сообраќајот. Доколку е оневозможено оставање пред објектот, почекајте ги возилата на ЈКП „Дервен” за да може директно да го изнесете отпадот од Вашиот објект. Во случај на поголем интерес, акцијата на определениот реон ќе продолжи и во недела, во истиот термин. На неовластени лица нема да им биде дозволено да пребираат и да земаат отпад од локациите за сопствени потреби. Ако забележите вакви случаи, пријавете во МВР - СВР Велес. Собирањето на отпадот ќе биде бесплатно. Заради олеснување на акцијата се молат граѓаните габаритниот отпад да го пријават во ЈКП „Дервен“ на контакт телефонот 233-768
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Горан Петров