Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД кланица

С О О П Ш Т Е Н И Е   З А   Ј А В Н О С Т

 

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), Општина Велес ја информира јавноста дека локалната урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекс – кланица со придружни објекти (на м. в.Лаки , КО Башино село, Општина Велес - на КП 1594/1) Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс – кланица со придружни објекти (на м. в.Лаки, КО Башино село, Општина Велес - на КП 1594/1) Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.
Локалната урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекс – кланица со придружни објекти (на м. в.Лаки , КО Башино село, Општина Велес - на КП 1594/1) Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс – кланица со придружни објекти (на м. в.Лаки, КО Башино село, Општина Велес - на КП 1594/1) Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 20.05.2011 – 17.06.2011 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот. Целата документација e достапна на следниот линк на веб страната на Општина Велес. Информации на телефон 043 232 406.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс – кланица со придружни објекти (на м. в.Лаки, КО Башино село, Општина Велес - на КП 1594/1) Општина Велес ќе се одржи на ден 08.06.2016 година (среда) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.

 


Г р а д о н а ч а л н и к
на Општина Велес

Горан Петров