Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 50а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Пречистен текст) (Службен весник на РМ број 60/11- пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за локална урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес
Граници на планскиот опфат се:
• исток: КП1041/1
• запад: КП1016/1, КП1039/2
• север: 1038
• југ: 1068/1
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 0.5 ha.
Локалната урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес ќе биде изложена во Граѓанскиот сервис центар од 25.05.2011 – 31.05.2011 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена на следниов линк на веб страната на Општина Велес. Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 30.05.2011 година (понеделник) со почеток во 14.00 часот.
Г р а д о н а ч а л н и к
на Општина Велес
Горан Петров