Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 50а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Пречистен текст) (Службен весник на РМ број 60/11- пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за локална урбанистичка планска документација за КП 1043/1, КП 1037 и 1554, КО Башино Село Општина Велес
Граници на планскиот опфат се:
• исток: КП1549/1, КП1549/3
• запад: КП1033, КП1034
• север: 1043/2
• југ: дел од региноналниот пат Скопје – Гевгелија Р103
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 0.8 ha.
Локалната урбанистичка планска документација за КП 1043/1, КП 1037 и 1554, КО Башино Село Општина Велес ќе биде изложена во Граѓанскиот сервис центар од 25.05.2011 – 31.05.2011 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Локалната урбанистичка планска документација е изложена и на следниов линк на веб страната на Општина Велес. Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 30.05.2011 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот.
Г р а д о н а ч а л н и к
на Општина Велес
Горан Петров
ЗМ / ЃМ