Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 50а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Пречистен текст) (Службен весник на РМ  број 60/11- пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за локална урбанистичка планска документација езеро Младост мв Бела Вода КО Отовица КП280 Општина Велес.

Планскиот опфат се наоѓа на северниот брег од езеро Младост на мв Бела Вода КП280 Башино Село Општина Велес

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 287m2.

Локалната урбанистичка планска документација езеро Младост мв Бела Вода КО Отовица КП280 Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  23.05.2011 – 30.05.2011 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот.
Локалната урбанистичка планска документација е изложена на следниов линк на веб страната на Општина Велес. Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 30.05.2011 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот.
      
Г р а д о н а ч а л н и к
на Општина Велес

Горан Петров

 

ЗМ / ЃМ