Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - последна фаза од акцијата за собирање на габаритен отпад
Почитувани граѓани,
Во сабота 18 јуни, 2011 година, Општина Велес и ЈКП „Дервен” ќе ја реализираат последната фаза од акцијата за собирање на габаритен отпад”.
Во периодот од 8 до 18 часот акцијата ќе се одвива на следните улици:
- Десна страна од Благој Ѓорев до крај
- Луј Пастер
- Неретва
- Наце Димов
- Киро Чауле
- Павел Шатев и сите други улици кои гравитираат во населба Керамидна
- Индустриска
- 11-ти Октомври
- Никола Карев
- Марксова
- 1-ва комуна
- Кумановска
- Народен фронт
- Енгелсова
- Моша Пијаде
- Панко Брашнар
- Крсте Мисирков
- 8-ми март
- Сутјеска
- Вардарска
- Андон Шурков
- Комплекс УЗУС
- Алексо Демниевски
- Васа Кошулчева
- Маршал Тито – од двете страни
- Никола Оровчанец
- Ѓоре Органџиев
- Кукушка
- Трајче Панов
- Благој Нечев
- Коле Дрнков
- Гоце Делчев
- Илинденска
- Страшо Пинџур
- Населба Превалец
- Населба Речани
Се молат граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да се ослободат од габаритниот отпад во кој спаѓаат:
- Делови од мебел
- Душеци
- Дрвена амбалажа
- Столарија без стакло
- Пластични сандаци и гајби
- Алати
- Стари велосипеди
- Пружини
- Радијатори
- Санитарии
Граѓаните ќе можат да го одложат својот габаритен отпад пред сопствените објекти, на достапно и видно место, доколку просторот дозволува и не го попречува одвивањето на сообраќајот.
Доколку е оневозможено оставање пред објектот, почекајте ги возилата на ЈКП “Дервен” за да може директно да го изнесете отпадот од Вашиот објект.
Во случај на поголем интерес, акцијата на определениот реон ќе продолжи и во недела, во истиот термин.
На неовластени лица нема да им биде дозволено да пребираат и да земаат отпад од локациите за сопствени потреби. Ако забележите вакви случаи, пријавете во МВР-СВР Велес.
Собирањето на отпадот ќе биде бесплатно.
Заради олеснување на акцијата се молат граѓаните габаритниот отпад да го пријават во ЈКП „Дервен“ на контакт телефонот 233-768
Со почит,
Општина Велес