Соопштенија

ОБЈАВА - Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план (УС-КОНСТРАКШАН)

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план

Согласно член 134 и 135 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (бр.13-1096/4).

Подносител на барањето:
Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги "УС-КОНСТРАКШАН" експорт импорт ДООЕЛ Куманово-Подружница Фабрика за вар-Каменолом Превалец

Адреса на подносителот:
ул. "Вук Караџиќ" бр. 34, Куманово

Локација на инсталацијата:
ул. “Ристо Попов” бб. Превалец Велес

Координати на локацијата:
41°41`59.29``N   21°45`32.31``E

Контакт лице:
Розета Јанкова – раководител на каменолом; тел: 043/230-226

Категорија на инсталација:
Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини

Вид активности:
Производство на градежен камен, гранулати и тампон до 120.000 т/год.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 11.07.2011 -11.08.2011г., во просториите на:

Граѓански сервис центар во Општина Велес
ул. "Панко Брашнар" бр.1, Велес
Секој работен ден од 07.30-15.30 часот
Контакт телефон: 043/232-406  

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Горан Петров