Соопштенија

ПРЕДМЕТ: Соопштение (нацрт - програми од областа на образование, култура, социјална и здравствена заштита, спорт, млади и поддршка на НВО секторот)

Почитувани,

Во текот на септември 2011 година ќе се подготвуваат нацрт- програмите за активностите на Општина Велес во 2012 година во областа на:
- образованието,
- културата,
- социјална и здравствена заштита,
- спорт, млади и
- поддршка на НВО секторот.

Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности што треба да се реализираат во 2012 година, можат да ги доставуваат до службите во Општина Велес.

Предлозите се доставуваат на образец што Ви е достапен во електронска форма на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk. (превземи образец)

Предлозите се доставуваат до Општина Велес, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации, ул. „Панко Брашнар“ бр.1. најдоцна до 16.9.2011 година.

По нацрт - програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров


Одделението за образование, култура, здравство,социјална заштита,спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации на 25.03.2010 година утврди 

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ:

Здружението на граѓани што ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Општина Велес за реализирање на проект/активност – самостојно или во партнерство со други субјекти (здруженија на граѓани, установи, институци, бизнис сектор и сл.) мора да ги исполнува следните критериуми:

- Барањето со потребната документација да го приложи во периодот утврден во објавата за прибирање предлози
- ЗГ да е со седиште во Општина Велес,
- Да има сопствена жиро сметка
- Да делува најмалку 2 години
- Да има реализирано проекти/активности од кои може да се види потенцијалот со кој располага  (референтна листа)
- Да има доставено финансиски извештај за реализирани проекти/активности финансирани од општина Велес во претходната година
- Активностите/проектите што ќе го реализира да се од интерес на граѓаните на Велес.

Раководител  на
Одделение за образование, култура,здравство,
социјална заштита,спорт и соработка
со здруженија на граѓани и фондации,
Катица Чадиева