Соопштенија
Известување - ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН
За да не се поклопи со програмата на Фестивалот на античка драма „Стоби“, проектот Топол културен бран во Велес стартува на 21 јули со настап на ансамблот „Танго трио“ во состав Пламенка Трајковска - виолина, Тони Пецанов - армоника и Ајхан Киборд - пиано. „Танго трио“ ќе се претстави со ексклузивна танго програма во стилот на танго традиционал и танго нуево со дела од светските мајсори на тангото. Гости на концертот се Јована Крстевска - вокал и танцова двојка од „Танго банда“. Концертот започнува во 21 часот во амфитеатарот на Младински парк