Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - забрана за капење
Државниот санитарен и здравствен инспекторат – подрачно одделение Велес донесе решение со забрана за капење, спорт и рекреација на луѓето, за наводнување на земјоделските површини и за напојување на стоката на дел од река Вардар кај Долни Дуќани, Башино село, по влив на река Бабуна, под ХИВ, Градскиот парк и на река Тополка пред влив во Вардар.
Решението е донесено како резултат на испитувањата на здравствената исправност на површинските води во Велес од страна на Заводот за здравствена заштита – Велес.
Решението стапува на сила веднаш и трае се додека не се констатира здравствена исправност на водата за капење и рекреација.
Општина Велес упатува апел до граѓаните за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност.