Соопштенија
НАЈАВА - 7-ма Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“
Од 3-12 август 2011 година, во куќите на уметноста во Велес ќе се одржи 7-мата по ред Сликарско - копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. Под раководство на академскиот скулптор Ангел Коруновски и копаничарот Љубомир Бисин годинава ќе творат 23 уметника – 14 сликари и 9 копаничари. Интересно за оваа колонија е што се очекува зголемен број на странски учесници Во сликарскиот дел 8 учесника се од странство, а во копаничарскиот двајца. Колонијата е од отворен тип и раководителите очекуваат во работата да се вклучат и голем број велешки уметници.