Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Почитувани граѓани,
Во ваш интерес и со цел да Ви помогнеме да го испочитувате крајниот рок за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти, Граѓанскиот Сервис Центар на Општина Велес
на ден 3-ти септември 2011 година (кога истекува рокот за доставување на барањата) ќе работи во периодот од 08 до 24 часот.
Општина Велес Ве повикува да ја искористите оваа можност и да доставите барање во Граѓанскиот Сервис Центар.
За дополнителни информации обратете се на телефонскиот број: 232 406/локал 226