Соопштенија

Соопштение - јавна презентација и јавна анкета за нацрт ДУП (КП 2039)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Пречистен текст) („Службен весник на РМ“ број 60/11),  Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Детален урбанистички план за градежна парцела 24.01 (КП 2039) во локалитет – дел од урбана единица 3, дел од блок 24 (помеѓу дел од “пристапната” улица, КП 2038/2 - ракометно игралиште и дел од МЖ Скопје - Кочани, односно Скопје - Гевгелија) Општина Велес

Граници на опфатот се:

• на исток граничи со КП 2038/2 (ракометно игралиште);
• на запад граничи со пристапна улица;
• на север граничи со пристапна улица;
• на југ граничи со дел од МЖ Скопје - Кочани, односно МЖ Скопје - Гевгелија;

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 811,67м2.
        
Нацрт Деталниот урбанистички план за градежна парцела 24.01 (КП 2039) во локалитет - дел од урбана единица 3, дел од блок 24 (помеѓу дел од “пристапната” улица, КП 2038/2 - ракометно игралиште и дел од МЖ Скопје - Кочани, односно Скопје - Гевгелија) Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  06.09.2011 – 20.09.2011 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 14.09.2011 година (среда) со почеток во 12.30 часот.      

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров