Соопштенија
Соопштение - јавна презентација и јавна анкета за нацрт ДУП (УЕ1УБ06)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Пречистен текст) („Службен весник на РМ“ број 60/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за локалитет дел урбана единца 01, дел од урбан блок 06 (помеѓу дел од жел. Пруга, дел од станбена улица, дел од ул. Моша Пијаде, дел од ул. 5 и дел од КП 1327)
Граници на опфатот се оските на улиците :
- исток: дел од ул. “Моша Пијаде” - магистрална;
- север: дел од ул. 5 - собирна”;
- југ: дел од станбена улица и
- запад: дел од железничка пруга “Скопје-Велес-Битола”.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 2,93 ha.
Нацрт Деталниот урбанистички план за локалитет дел урбана единца 01, дел од урбан блок 06 (помеѓу дел од жел. Пруга, дел од станбена улица, дел од ул. Моша Пијаде, дел од ул. 5 и дел од КП 1327) ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 06.09.2011 – 20.09.2011 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 14.09.2011 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров
- постојна состојба (pdf)
- планирана состојба (pdf)
- анкетен лист (doc)