Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - „ЧИСТ ГРАД 2011“
Почитувани граѓани,
Врз основа на законските надлежности Општина Велес и СВР - Велес ќе започнат заедничка акција „ЧИСТ ГРАД 2011“. Акцијата ќе стартува на 5-ти септември годинава (понеделник) и ќе се реализира со цел да се евидентираат и да се отстранат нерегистрираните, хаварисаните и дотраените моторни возила, приколките и камп-приколките од отворени простори и јавно сообраќајни површини како и создавање на услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.
Општина Велес и СВР Велес ги потсетуваат граѓаните дека согласно Законот за јавна чистота, на јавните површини забрането е:
- Оставање на нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки,
- Фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал,
- Поправање, сервисирање возила и вршење на разни занаетчиски работи,
- Миење на возила и камп-приколки,
- Оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки
- Испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти
Согласно предвидената динамика за успешна реализација на акцијата, истата ќе се спроведе во две фази и тоа превентивна и репресивна.
Во првата фаза ќе се врши континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски согласно Законот за јавна чистота. Екипа на СВР Велес и Општина Велес ќе врши контрола на состојбата на улиците, паркинг просторите пред и зад стамбените згради како и јавните паркиралишта.
Утврдените прекршоци ќе се документираат и фотографираат, а сопствениците на непрописно оставените хаварисани возила и сл. ќе бидат известени да ги отстранат во рок од 15 дена.
Доколку сопствениците не постапат по добиеното известување, во втората фаза ќе се применат репресивни мерки согласно Законот за јавна чистота.
Се молат граѓаните активно да придонесат во успешната реализација на акцијата „Чист град 2011“ да ги отстранат хаварисаните моторни возила од јавните површини во градот и да ги применат мерките утврдени со Законот за јавна чистота.