Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на Јавна расправа (УС-КОНСТРАКШАН)
по барање за Дозвола за усогласување со оперативен план на "УС-КОНСТРАКШАН" експорт импорт ДООЕЛ Куманово - Подружница Фабрика за вар - Каменолом Превалец
Општина Велес ја известува заинтерсираната јавност дека до Градоначалникот на Општина Велес доставенo е барањe за Дозвола за усогласување со оперативен план на "УС-КОНСТРАКШАН" експорт импорт ДООЕЛ Куманово - Подружница Фабрика за вар - Каменолом Превалец.
Согласно член 136 став 2 од Законот за животната средина, Општина Велес организира јавна расправа во врска со барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени за заштита на животната средина.
Јавна расправа ќе се одржи на 14.09.2011г. (среда) во Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
Сите заинтересирани ќе имаат можност на јавната расправа да ги искажат своите ставови и да дадат забелешки.
Со почит,
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, СООБРАЌАЈ
И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Раководител
Зоран Мецановски