Соопштенија
Најава: „Урбана синтеза“ во ликовниот салон
Во четврток, 15.09.2011 год. во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена изложба „Урбана Синтеза“ на ликовниот уметник Филип Коруновски, од Велес. Младиот ликовен уметник Филип Коруновски досега има учествувано на повеќе групни ликовни изложби и колонии, а ова е негова прва самостојна изложба. Вечерва ќе се представи пред велешката публика со 30 тина цртежи, слики, графики и колажи. Почесни гости на отварањето Квинтет „Летечки Пекинезери”.
Сликарство на Коруновски е во допир со голем број на правци во современата уметност кои тој ги спојува со голема инвентивност, при што ги сумира предходните искуства земаќи ги пред се оние елементи кои можат најцелосно, најсилно и најубедливо да ја изразат духовната порака и индивидуалната состојба
Во делата е присутна силна динамика во предавањето на информациите. Тој е длабоко заинтересиран за самата материја, органска и неорганска, за нејзината структура движење и боја. Во создавањето на делата се користени природни и синтететички материјали со очигледна сензибилност при користењето на колоритот кој е богат и силен.
Во енформелистички структури, колажните панели, апстрактниот експресионизам, внесува експресионистичка емотивност. Успешно вклопуваќи фото репродукции и човечки фигури каде среќаваме редуцирање на деталите, со сведување на основните рудиментирани форми, создава една надреална визија каде доаѓа до истакнување на психолошкиот момент .
Со почит,
Народен Музеј – Велес
Директор
Петре Костов