Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД КП1014 и стратегиска оцена на влијанија врз животна средина
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), Општина Велес ја информира јавноста дека локалната урбанистичка планска документација за КП1014, КО Башино Село, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација за КП1014, КО Башино Село, Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.
Локалната урбанистичка планска документација за КП1014, КО Башино Село, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација за КП1014, КО Башино Село, Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 23.09.2011 – 25.10.2011 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Информации на телефон 043 232 406.
Целата документација е достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.
-
ЛУПД КП1014 (.pdf)
-
СОЖС КП1014 (.pdf)
-
Анкетен лист КП1014 (.doc)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација за КП1014, КО Башино Село, Општина Велес ќе се одржи на ден 12.10.2011 година (среда) со почеток во 12.30 часот во просториите на Општина Велес.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров