Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД КП1039 1018 и стратегиска оцена на влијанија врз животна средина

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), Општина Велес ја информира јавноста дека локалната урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.

Локалната урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 23.09.2011 – 25.10.2011 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот. Информации на телефон 043 232 406.

Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.

Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација КП 1039/1, КП 1018/2 и 1018/3, КО Башино Село Општина Велес ќе се одржи на ден 12.10.2011 година (среда) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров