Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ( ЛУПД КП1014, мв Среден Пат КО Башино Село Општина Велес)

Врз основа на член 50а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Пречистен текст) (Службен весник на РМ број 60/11- пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за локална урбанистичка планска документација на КП1014, мв Среден Пат КО Башино Село Општина Велес

Граници на планскиот опфат се:

  • југоисток: КП1017/1, КП1017/4, КП1017/5,
  • северозапад: КП1010, КП1013
  • североисток: Скопски пат
  • југозапад: КП1213

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 0.2 ha.

Локалната урбанистичка планска документација на КП1014, мв Среден Пат КО Башино Село Општина Велес ќе биде изложена во Граѓанскиот сервис центар од 26.09.2011 – 30.09.2011 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 28.09.2011 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров