Соопштенија
ОБЈАВА - Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2011 година
Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2011 година.
1. Награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.
2. Наградата не е деллива.
3. Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент. Предлозите мора да бидат образложени.
4.Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да ги исполнува следните услови:
- Да е жител на Општина Велес;
- да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.
Кон предлогот се доставува:
- уверение за предвидени и положени испити издадено од факултетот;
- копија од лична карта и индекс,
- копии од дипломи, награди, сертификати, објавени трудови.
5. При одлучувањето Комисијата за општествени дејности ќе се раководи од следните критериуми:
- Редвно континуирано студирање.
- Просекот во редовното студирање да е над 9.50.
- Учество или освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
- Објавени стручни трудови од областа за која се оспособува.
- Учество на државни конгреси или проекти.
- Учество на меѓународни конгреси или проекти.
Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 21-ти октомври 2011 година.
Претседател
на Комисијата за општествени дејности,
Марина Мијајлевска с.р.