Соопштенија
Покана за јавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2012 година
Почитувани,
Општина Велес и Фондација „Фокус“, Ве покануваат на Јавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2012 година. Јавните расправи ќе се одржат на 03.11.2011 година (четврток) во големата сала на Општина Велес и тоа:
- за претставниците од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации ( невладини организации, културно уметнички друштва итн.) и сите заинтересирани граѓани со почеток во 17:00 и
- за претставниците од урбани и месни заедници со почеток во 19:00 часот
На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2012 година:
- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) за 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2012 година.
Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес Горан Петров |
Извршен директор |