Соопштенија

ОГЛАС - за јавно наддавање за издавање под закуп на недвижен имот-објект „Сателитска станица“

Врз основа на член 3 од Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот-објект „Сателитска станица“ сопственост на Општина Велес  („Сл гласник на Општина Велес“ бр. 08/11 и 14/11)
Комисијата за спроведување постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на недвижен имот-објект „Сателитска станица“, објавува ПОВТОРЕН

ОГЛАС
за јавно наддавање  за издавање под закуп на недвижен имот-објект „Сателитска станица“

Предмет на јавното наддавање е издавање под закуп на надвижен имот -објект „Сателитска станица“  со постојна опрема.
Објектот се наоѓа на КП 309,  со површина од 41 м2 и е заведен во ИЛ бр. 513, за  КО Башино Село, во м.в. „Зад црква“, објектот е со приземје и спрат Објектот е погоден за емитување и реемитување на радио и ТВ сигнал..
Издавањето под закуп на  објектот се врши за период од 5 (пет) години.
Почетната цена на месечната закупнина изнесува 68 евра (во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка, утврден на претходниот ден од денот на јавното наддавање).
Плаќањето на месечната закупнина (износот постигнат на јавното наддавање), ќе се врши однапред за тековниот месец најдоцна до 05 во месецот.
Сите заинтересирани лица се должни да уплатат 10% од висината на почетната цена (68 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка, утврден на претходниот ден од денот на јавното наддавање) во Благајната на Општина Велес, најдоцна еден ден пред денот на спроведување на јавното наддавање.
Заинтересираните лица можат да го видат објектот,секој работен ден од 7.30 ч до 15,30 ч, по претходна најава до Комисијата, како и да се запознаат со правата и обврските што ќе следат по договорот.
Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни и физички лица.
Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен закупувач, должен е во рок од 3 (три) дена да го уплати целиот износ на утврдената цена-месечна закупнина, а во рок од 7 дена од денот на потпишувањето на Договорот, да достави Банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на Договорот во висина од 10% од збирната петгодишна сума на договорот, во спротивно го губи правото на закупувач и нема да му биде вратен износот од 10% од учеството вложено пред почетокот на јавното наддавање.
На останатите учесниците во јавното наддавање, депонираниот депозит ќе им биде вратен по денот на одржувањето на јавното наддавање.
Огласот е отворен 7 (седум) дена  од денот на објавувањето.
Јавното наддавање ќе се одржи во просториите на Општина Велес (во мала сала) со почеток во 13,оо часот на ден  25.11.2011 година.
Најнискиот износ на  наддавањето не може да изнесува помалку од  300,00 денари.
Осигурувањето на објектот паѓа на терет на закупецот.
За квалитетно и навремено извршување на Договорот, избраниот закупувач ќе биде должен во рок од 7 дена од склучувањето на Договорот да достави Банкарска гаранција во висина од 10% од збирот на петгодишната закупнина утврдена на јавното наддавање.
Пријавата  треба да содржи:


-име и презиме, број на лична карта и ЕМБ за физички лица;
-назив и седиште на правното лице, жиро сметка, ЕДБ, депонентна банка и овластено лице;
-доказ за депонирани средства на име депозит во висина од 10% од почетната цена на закупнината.

На денот на јавното наддавање учесниците треба да  презентираат документи за идентитет и тоа:

-лична карта  за физички лица;
-заверено полномошно за преставници на правните лица;
-доказ за уплата на депозитот.

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел: 043 232 406 локал 229

Општина Велес
Комисија за спроведување на
јавно наддавање за издавање под закуп
на објект „Сателитска станица“
Претседател,
Горан Здравковски с.р.