Соопштенија
Најава - 190 години од раѓањето на Џинот
Во декември 2011 година се навршуваат 190 години од раѓањето на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод Општина Велес и НУЦК Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ организираат свечен собир на кој ќе се говори за животот и делото на Џинот. Учесници и гости на собирот се научници и универзитетски професори од Филолошкиот факултет, Факултетот за драмски уметности, институтите за македонски јазик, литература и фолклор и Македонската академија на науките и уметностите. Свечениот собир посветен на Џинот ќе се одржи на 2-ри декември 2011 година (петок) со почеток во 11:00 часот во Ликовниот салон.