Соопштенија
Задоволни граѓани, наша цел
Почитувани граѓани, корисници на услугите на Општина Велес,
Со благодарност за довербата, Ве известуваме дека во согласност со Политиката на квалитет и заложбите за постојано подобрување, Општина Велес воведува нов систем на електронски услуги чија цел е да го олесни пристапот до сите услуги што ги обезбедуваме во согласност со нашите надлежности.
Општина Велес Ве поканува активно да ги користите предностите на новиот електронски систем на услуги и да бидете дел од неговото постојано подобрување и надградба во интерес на целата локална заедница. Искрено Веруваме дека и овојпат заедно со Вас максимално ќе ги искористиме потенцијалите на информатичката техологија во насока на креирањето на вистински сервис за граѓаните.
Воедно сакаме да Ве информираме дека веб адресата на порталот наменет за услуги е http://uslugi.veles.gov.mk