Соопштенија

Јавен оглас - Програма за самовработување

Со цел да овозможи поголемо учество и опфат на невработени лица кои се заинтересирани своето вработување да го решат преку Програма за самовработување,  Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, на ден 01.02.2012 година, повторно објавува


ЈАВЕН ОГЛАС до  невработените лица

 

1. Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:

• Евидентирани невработени лица над 6 месеци;
• поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини;
• професионални војници на кои им престанала службата во АРМ;
• млади лица до 27 годишна возраст;
• корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,

како и:

корисници на социјална парична помош, лица со статус деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, родители со 4 и повеќе малолетни деца, жени на возраст од 29-49 години, лица под суспендијарна заштита, бирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст,  возрасни лица од  55 до 62 години, осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа,  корисници на паричен надоместок по основа на невработеност, долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ), евидентирани невработени лица над 6 месеци,

и кои своето вработување сакаат да го решат со финасиска поддршка преку Програма за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.

2. Финансиската поддршка опфаќа исплата на неповратни средства за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари и помош во трошоците за регистрација на фирма.

3. Лицата од точка 1 на овој Јавен оглас кои се основачи на фирмата и финасиски ќе бидат поддржани, најмалку 4 години не можат да се евидентираат како невработени лица во АВРМ. Доколку престанат со вршење на дејноста (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 1 година од датумот на регистриранје на бизнисот, или пак само престане работниот однос,  а на негово место веднаш+ не се вработи друго лице, има обврска да врати 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или репроматеријали во паричен износ, во период од 12 месеци.

4. Заинтерисираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 07.02.2012 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во РМ.

5. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на  договор на невработените лица со АВРМ и УНДП.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контак центарот 02-3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk.
 
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА