Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите општински основни и средни училишта дека поради екстремно влошените климатски услови и ниски температури, Општина Велес донесе одлука за прекин на наставата во периодот од 08 до 10 –ти февруари, 2012 година (среда, четврток и петок). Наставата ќе продолжи во понеделник, 13-ти февруари, 2012 година, во зависност од климатските услови за што училиштата дополнително ќе се информираат. Се задолжуваат директорите на општинските основни и средни училишта да ги информираат учениците и родителите за одлуката и да создадат услови за нејзино спроведување. Изгубените часови ќе се надокнадат во периодот април-мај 2012 година.
Превземи го известувањето во PDF.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров