Соопштенија
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11) на ден 26.01.2012 година, Градоначалникот на Општина Велес донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1.За Локалната урбанистичка планска документација за Башино Село, КП1555/3 и КП1560/2 Општина Велес која се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија 60/11), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес.
3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на Локалната урбанистичка планска документација за Башино Село, КП1555/3 и КП1560/2 Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
• Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина
• Планскиот опфат е од мал обем, 439m2.
• Планскиот документ се однесува на развој на мал бизнис од металопреработувачка индустрија (производство на метална опрема преку склопување на метални делови без вклучени хемиски процеси)
• Сите мерки за заштита ќе сепредвидат во Елаборат за заштита на животна средина.
4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.
бр. 08-282/5
31.1.2012
Велес
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Горан Петров