Соопштенија
Соопштение за јавна расправа и јавна анкета - дел од УЕ5 УБ34
Врз основа на член 24 став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/2005, 137/2007, 91/2009 и 124/10), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за нацрт деталниот урбанистички план за дел од Велес - изменување и дополнување - за локалитет- дел од урбана единица 5, дел од урбан блок 34 - (дел од старо градско јадро) помеѓу ул.”Крали Марко” и ул.”Крушевска” Општина Велес
Граници на планскиот опфат се:
- исток: ул. “Крушевска”;
- север: дел од ул. Крали Марко”;
- југ: ул. “Крушевска” и
- запад: ул. “Крушевска”.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 0.77ha.
Нацрт деталниот урбанистички план за дел од Велес - изменување и дополнување- за локалитет-дел од урбана единица 5, дел од урбан блок 34-(дел од старо градско јадро) помеѓу ул.”Крали Марко” и ул.”Крушевска” Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 14.02.2012 – 28.02.2012 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт деталниот урбанистички план ќе биде изложен и на WEB страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
- соопштение (pdf)
- постојна состојба (pdf)
- планирана состојба (pdf)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 22.02.2012 година (среда) со почеток во 12.00 часот.