Соопштенија

Соопштение за јавна расправа и јавна анкета - ЕВН

Врз основа на член 50а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 51/2005, 137/2007, 91/2009 и 124/10) Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за локална урбанистичка планска документација за изградба на трафостаница 10(20)/0,4 kV, подземни кабли, кабелски разводни ормари и мерни ормари на дел од КП 1008/1, 1008/2, 1012/1, 1015/1, 1016/1, 1018/1, 1018/2, 1018/3, 1019/1, 1019/2, 1019/4, 1024, 1039/1 и 1040/1, на мв Среден Пат, КО Башино Село Општина Велес

Граници на планскиот опфат на планската документација се дадени во графичкиот дел а исто така со координати на точки по кои се движи трасата на подземните кабли
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 733,86m2.

Локалната урбанистичка планска документација за изградба на трафостаница 10(20)/0,4kV, подземни кабли, кабелски разводни ормари и мерни ормари на дел од КП 1008/1, 1008/2, 1012/1, 1015/1, 1016/1, 1018/1, 1018/2, 1018/3, 1019/1, 1019/2, 1019/4, 1024, 1039/1 и 1040/1, на мв Среден Пат, КО Башино Село Општина Велес ќе биде изложена во Граѓанскиот сервис центар од  14.02.2012 – 28.02.2012 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот.

Локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 22.02.2012 година (среда) со почеток во 13.00 часот.
      
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров