Соопштенија
Соопштение - Настава од 20-ти февруари
Се известуваат сите општински основни и средни училишта дека поради екстремно ниските температури и најавата за нови снежни врнежи, прекинот на наставата продолжува и во деновите 16 и 17 февруари (четврток и петок). Наставата ќе продолжи редовно да се одвива од 20-ти февруари 2012 година (понеделник). Изгубените наставни денови и часови ќе бидат надоместени во наредниот период во договор со Министерството за образование и наука.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров