Соопштенија
ОБЈАВА број 1 (16.02.2012) за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Бензинска пумпна станица и услужен центар во Општина Велес
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Државна урбанистичка планска документација за бензинска пумпна станица и услужен центар на магистрален пат М1, м.в. Рамниште, КО Ветерско КО Велес со намена за изградба на бензинска пумпна станица и услужен центар, согласно Табеларен преглед во кој се дедени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, утврден простор за градење на повеќе градби, максимална површина за изградба на повеќе градби во утврдениот простор за градење, вкупна површина на сите спратови, процент на изграденост, коефициент на искористеност и депозит за учество на јавното наддавање.
Број на градежна парцела |
Број на катастарска парцела |
Површина на градежна парцела (м2) |
Максимална висина до венец (м) |
Утврден простор за градење на повеќе градби (м2) |
Максимална површина за изградба на повеќе градби во утврдениот простор за градење (м2) |
Вкупна површина на сите спратови (м2) |
Процент на изграденост (%) |
Коефициент на искористеност |
Депозит за учество на електронско јавно наддавање (денари) |
ГП бр.1.1 |
487/1 (КО Ветерско) |
39.840 м2 |
од 5 од 12 метри |
32.144,87 |
17.000 |
25.500 |
42,70 |
0,64 |
800.000,оо |
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во писмена форма, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, во посебен плик за секоја градежна парцела), комплетирана со следните докази:
1.Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата, која документација се доставува во прилог и контакт телефон од подносителот на пријавата;
2.Доказ за платен депозит во оригинал (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака);
3.За физичките лица уверение за државјанство;
4.За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
5.Банкарска гаранција во износ од 50.000,00 евра, во денарска противвредност за серизност на понудата, со која ќе гарантираат дека ќе ја уплатат крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање, која гаранција ќе има рок на важност до 30.04.2012 година.
6.e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање, (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Велес нема обврска да прима и врши корекции на истата)
7.Фотокопија од лична трансакциона сметка
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени (Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, доволно е во оригинал или пак фотокопие заверено на нотар да се достави погоре наведената документација во прилог на една пријава, а во останатите може да се достават и фотокопии)
Подносителите на пријави потребно е да достават во пријавата за учество на јавно наддавање и фотокопија од лична трансакциона сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавно наддавање.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед изнесува 200,00 денари од метар квадратен.
ДЕПОЗИТ
1. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава.
2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Општина Велес, назив на примач:НБРМ, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 711014100969610, Приходна шифра и програма 733111-00 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште” (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака);
3. Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства.
РОКОВИ
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 21.03.2012 година на адреса на Општина Велес: ул. ”Панко Брашанар” бр.1, Велес, или директно во писарницата на општината.
Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање ќе започне на 28.03.2012 година, во 12:00 часот и истото ќе трае 1 (еден) час.
ПОСТАПКА
1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.
3.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.
4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Општина Велес.
5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
6.Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 20,00 денари.
7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Продолжување на крајниот рок е дозволено најмногу три пати во текот на јавното наддавање.
8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
10.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.
11.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
12.По извршената уплата во утврдениот рок, Општина Велес склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 20% од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок не подолг од 10 години од денот на добивање на одобрение за градење, при што доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец.
13.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.
14.Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
15.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
16.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.
Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Велес, www.veles.gov.mk