Соопштенија
Соопштение за јавна расправа и јавна анкета - ЛУПД за КП 1555/3 и КП 1560/2
Врз основа на член 50а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/2005, 137/2007, 91/2009 и 124/10) Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за локална урбанистичка планска документација за КП 1555/3 и КП 1560/2, КО Башино Село, Општина Велес
Границата на планскиот опфат е затворена прекршена линија која во поголем дел се поклопува со КП бр. 1555/3 и 1560/2, а одејки од север према југ граничи со следните парцели:
• од северозапад граничи со катастарската парцела бр. 1555/4.
• од југозапад граничи со КП бр. 1560/1.
• од југоисток граничи со катастарската парцела бр. 1560/3
• од севериоисток, границата оди по КП бр. 1560/2 и 1555/3 и се отсечува еден мал дел према региналниот пат Р-103.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 439 м2.
Локалната урбанистичка планска документација за КП 1555/3 и КП 1560/2, КО Башино Село, Општина Велес ќе биде изложена во Граѓанскиот сервис центар од 12.03.2012 – 16.03.2012 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
- соопштение (pdf)
- постојна состојба (pdf)
- планирана состојба (pdf)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 14.03.2012 година (среда) со почеток во 12.00 часот.