Соопштенија

ОГЛАС за издавање под закуп на невдижен имот-Градски базен

Врз основа на член 3 од Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот-објект Градски базен бр. 07-7055/4 од 29.12.2011година, донесена од Советот на Општина Велес
Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на недвижен имот- Градски базен на Општина Велес,објавува

ОГЛАС за издавање под закуп на невдижен имот-Градски базен


Предмет на овој Оглас е издавање под закуп на надвижен имот -објект Градски базен со придружни простории  и опрема.
Објектот се наоѓа на ул”Алексо Демниевски”во Велес на КП 1798,  со површина од 6.796 м2  заведен во ИЛ бр. 23410, сопственост на Општина Велес.
Издавањето под закуп на  објектот се врши за период од 10 (десет) години.
Комисијата ја спроведува постапка по пат на прибирање на затворени понуди. Годишната цена на закупнината ќе се утврди со доставување на понуда од страна на заинтересирани правни и физички лица.
Заинтересираните лица можат да го видат објектот,секој работен ден од 7.30 ч до 15,30ч, по претходна најава до Комисијата, како и да се запознаат со правата и обврските што ќе следат по договорот.
Почетната цена на закупнината изнесува 500.000,оо денари годишно. Цената која ќе биде утврдена како цена за закупнината-годишно, а ќе се добие по бодирањето на понудите, ќе биде уплатена за првите две години веднаш, додека за останатиот период закупнината ќе биде уплатувана однапред за годината која следува до 31 јануари од тековната година.
Прибирањето на понуди ќе се врши во затворени плика кои треба да бидат доставени до Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на недвижен имот –Градски базен во Општина Велес.
Покрај цената други услови во понудата кои ќе се бодираат ќе бидат следните:


•    цена за добивање на правото на користење - изразена во денари 60 бода;
•    начин на плаќање (авансно плаќање на годишната закупнина за целиот период или за одреден број на години- 2 бода од година)20 бода
•    поддршка на проекти во интерес на општината (вредносно изразени во денари) 20 бода.

Доколку се постигне еднаков број на бодови при евалуацијата на понудите, тогаш право не предимство при избор има понудата која е порано доставена.
Начин на доставување на понудата
Понудата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои  “не отварај” и бројот на огласот. Во средината на ковертот да се назначи точната адреса:„Комисија за спроведување на постапка за издавање под закуп на недвижен имот- Градски базен“.
Понудите се доставуваат во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот - понудувачот.
Кон понудата требе да се достави:
1.Секој заинтересираниот понудавач треба да достави План и програма за одржување на објектот и за работа за периодот на издавање на објектот под закуп и
2.пријава за физичко лице: име и презиме, број на лична карта и ЕМБ на физичко лица и доказ за поседување на имот во вредност од 2 милиони денари;
3.за правни лица:
-пријава со податоците за назив и седиште на правното лице, жиро сметка, ЕДБ, депонентна банка и овластено лице;
-извод од регистрација на дејност ДРД образец;
-изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција или перење на пари;

-потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
-потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;  
-потврди за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган;
-уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
-за економската способност треба да достават Биланс на состојбата од Централен регистар и да имаат остварено вкупен промет годишно од 2 милиони  денари во последните три години.
(документите од точка 3, алинеа 1,2,3,4 и 5, не смеат да бидат постари од 6 месеца).
Понудата треба да ги содржи сите податоци назначени во огласот(точка 1, 2 и 3).
Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
Рок на доставување на понудата е 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавувањето  на огласот .
Комисијата по отварањето на понудите ќе изврши евалуација на понудите согласно објавените  критериуми и ќе ги извести сите понудувачи во рок од десет дена од денот на отварањето на понудите.
Со понудувачот кој ќе биде избран за најповолен закупувач ќе се склучи договор во кој ќе бидат регулирани сите права и обврски на двете договорни страни. Избраниот понудувач е должен  по потпишувањето на договорот  во рок од 3 (три) дена да го уплати целиот изност на утврдената цена-годишна закупнина (за две години однапред), во спротивно го губи правото на закупувач и договорот ќе се смета дека не е потпишан.
Доколку има второ рангиран понудувач и условите на истиот одговараат на закуподавецот на истиот ќе му биде понудено потпишување на договор за закуп, во спротивно ќе се смета дека не е извршен избор и постапката ќе се повтори според истите услови.
Заинтерсираните понудувачи – пријавата за учество можат да ја подигнат од Општинскиот центар за услуги при Општина Велес или да се превземе од веб страната http:// uslugi.veles.gov.mk (или за првземање на пријавата кликнете тука)
Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел:043 232 406 локал 108 или 109

ЕЈ/ЉА
Општина Велес
Комисија за спроведување на
постапка за издавање под закуп
на недвижен имот-Градски базен