Соопштенија
Заклучок за запирање на постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија Објава број 1 (16.02.2012 година)
Република Македонија
Општина Велес
бр. 02-987/2
од 14.03.2012 година
Комисијата за спроведување на постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање при Општина Велес, а врз основа на член 56, став 7 од Законот за градежно земјиште („Сл.весник на РМ“ бр. 17/11 и 53/11), донесе
ЗАКЛУЧОК
Постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Бензинска пумпна станица и услужен центар во Општина Велес, по Објава број 1 (16.02.2012година) СЕ ЗАПИРА.
Образложение
Комисијата за спроведување на постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање на Општина Велес, донесува Заклучок за запирање на постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Бензинска пумпна станица и услужен центар во Општина Велес, по Објава број 1(16.02.2012 година), согласно член 56, став 7 од Законот за градежно земјиште („Сл.весник на РМ“ бр. 17/11 и 53/11), од причини што на градежната парцела која е премет на оттуѓување постојат делови од градежните објекти кои претходно биле изградени.
Овој заклучок ќе биде објавен во истите печатени медиуми во кои беше објевена Објавата, во Службен весник и на web страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
Општина Велес
Комисијата за спроведување на постапка за
отуѓување на градежно земјиште сопственост
на Република Македонија по пат на јавно наддавање
Претседател
Зоран Мецановски