Соопштенија

ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОЛЕТТА

И оваа година Општина Велес подготвува организиран дочек на пролетта на првит пролетен ден – 21-ви март. Бидејќи пролетта е синоним за будење на животот во природата, велешани ќе упатат пораки за здрава животна средина со кои искрено се надеваме дека ќе допрат до совеста на секој граѓанин да ја чува и негува природата, околината и својот град како единствено место за живеење - помалку да загадува, повеќе да спортува.

Носители на активностите се ЕД „Вила Зора“ и ВК „Велес, а учесници општинските училишта, ПОУ „Маца Овчарова“, Детската градинка „Димче Мирчев“, Зелената коалиција и граѓаните на Велес. Манифестацијата ќе започне со велосипедски крос чиј старт е во 11:00 часот пред Ликовниот салон, а во кој учествуваат ученици и членови на ВК „Велес“. Целта на велосипедскиот крос е плоштад С’рмаале каде ќе бидат собрани сите учесници во манифестацијата со пароли и пораки за здрава животна средина. Пролетниот еколошки караван ќе се упати кон Спомен-костурницата каде ќе се засадат садници со кои и симболично ќе и се посака добредојде на пролетта.

Дојдете сите
Плоштад С’рмаале, 21 март 2012 година, 11:00 часот – Велес