Соопштенија

„Проектен менаџмент и подготовка и имплементација на бизнис план”

Општина Велес ги поканува компаниите од Општина Велес на обука „Проектен менаџмент и подготовка и имплементација на бизнис план” која има за цел да ги запознае вработените во компаниите во Општина Велес со клучните елементи на проектниот циклус (фази и чекори), ефикасното управувнње, мониторинг и евалуација на проекти, со посебен осврт на подготовка на логична рамка. Вработените во компаниите ке се запознаат и со начините на обезбедување фондови.

Обуката ке им овозмози на вработените во компаниите да се стекнат со практични вештини за изработка на бизнис план, начини на пишување на предлог проекти и ке добијат совети како да ги искористат средствата кои ке станат достапни од предпристапните ЕУ фондови (ИПА, ИПАРД итн).

Обуката ке се одржи на 29.03.2012 (четврток), и 30.03.2012(петок) од 12.00-15.00 часот во просториите на Општина Велес.

Обуката е бесплатна, повелете Ве очекуваме

Пријавете се на телефон 043 232 966 или на е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Бројот е ограничен.