Соопштенија

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОГЛАС - објект Градски базен

Во текстот на Огласот за издавање под закуп на надвижен имот - објект Градски базен, кој е објавен во дневниот весник „Дневник“ и „Вечер“ од 13 март 2012 година, се врши следното дополнување:

„После зборовите - Рок на доставување на понудата е 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавувањето  на огласот , се додава нова реченица која гласи: Јавното отварање на понудите ќе се врши на 28 март 2012 година, во 12:00 часот во просториите на Општина Велес. Само понудувачите кој доставиле своја понуда имаат право да присуствуваат на јавното отварање на понудите.“

Дополнувањето на Огласот ќе биде објавено и во дневниот весник „Вечер“ (24.03.2012).

Општина Велес
Комисија за спроведување на
постапка за издавање под закуп
на недвижен имот-Градски базен