Соопштенија
АПРИЛИЛИЛИ НА 2-РИ АПРИЛ
Денот на шегата 1-ви април оваа година ќе се обележи на 2-ри, во понеделник. Под мотото „Смеа, шега, песна“ во Градскиот парк ќе се соберат најмладите велешани – децата од градинката „Димче Мирчев“ и учениците до V-то одделение од општинските основни училишта и ПОУ „Маца Овчарова“. Во периодот од 11-12:30 часот Градскиот парк ќе го разубават најблагородните цветови – децата. Нивната смеа и песна е доволна причина да дојдат сите родители, баби и дедовци и сите деца од градот што не ја посетуваат градинката.
Градски парк (зад салата „Гемиџии“), 2-ри април 2012 година, 11:00 часот – Велес